На Европското јуниорско кикбокс ВАКО првенство кое се одржува во Будва, Црна Гора, Миа Тодорова ќе се бори за златен медал во финалето против Русинката Пехливан Аyшегул.
Тодорова во полуфиналната борба претходно славеше против Донета Менѕики од Косово.
Борбите на шампионатот завршија за Силвио Мировски, кој имаше победа над Страхиња Савиќ од Србија а потоа загуби од Максим Лиубин од Молдавија, како и за Горјан Ристовски кој извојува победа над Милош Богуцки од Полска но загуби од Иван Федорчук од Русија. Најмладиот македонски натпреварувач Туркер Исмаил борбата ја загуби со Решут Ксавиер од Полска со прекин поради повреда настаната во првата рунда.
Олгица Орешкова денеска ќе се бори за сребрениот медал против Кристина Иудина од Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА