Чави иднината на Барселона ја гледа во двајца Шпанци

Чави по шест години се врати на „Камп Ноу“, но овој пат на тренерското место, а со тоа и веднаш започнаа гласините за нови засилувања. Се споменуваа Дани Алвес, Тинкао и Саул Нигез, но вистинсите желби на шпанскиот стратег се Дани Олмо и Феран Торес, пренесува „Мундо Депортиво“.

Олмо кој дел од својата кариера ја помина во „Ла Масија“ е трансфер цел на каталонскиот состав подолго време, но финансиските проблеми беа оние кои ја спречија реализацијата. Во 23-годишникот Чави гледа како идеален играч за својот стил на игра, некој кој ќе даде цврстина во средината, но ќе може да одигра и во „еден на еден“ ситуации на крилата.

Покрај Олмо желба на шпанскиот стартег е и фудбалерот на Манчестер Сити, Феран Торес кој ги има истите карактеристики, но и за неговата реализација Барселона ќе мора да го „одврзе ќесето“. Договорот на 21-годишникот со „граѓаните“ е до 2025 година, а младиот играч е во плановите за иднина на Пеп Гвардиола.

Се вчитува...