МОЖЕН СОСТАВ: Десната бековска позиција е најголемата дилема на Милевски

Македонија со големи проблеми гостува на Ерменија денеска во Ереван. Покрај повредите на Адеми, Николов, Ракип и Јаховиќ, ќе играме и без Стефан Ристовски кој ќе мора да паузира поради жолти картони.

Токму десната бековска позиција е најголем проблем за Благоја Милевски и најголема дилема. Дали тука да игра Зајков, Кире Ристевски или Серафимов од унгарски Залаегерцег. Мала е веројатноста, но можна е дури промена на тактиката во „тројка“ позади. Се чини дека Зајков ќе има предност, со оглед дека репрезентативецот во Левски игра на таа позиција и е стандарден во последно време.

Исто така има дилема и во дефанзивниот дел од средниот ред, односно дали Барди со Спировски или со Костадинов.

Во нападот се очекува да биде Милан Ристовски, додека во офанзивниот дел од средниот ред Елмас, Трајковски и Чурлинов.

Се вчитува...