Барселона во следниот период ќе се соочи со ново заминување, но не од играчкиот кадар туку од функционерскиот откако желба за заминување изразил спортскиот директор, Рамон Планс, пренесуваат шпанските медиуми.
Планс е дел од каталонскиот состав од 2018 година и заслужен за ангажманот на Педри и Роналд Араухо, но и покрај тоа што има уште две години од договорот и одлично си ја извршува задачата очекувањата се дека Барселона ќе му дозволи да замине.
Како следна дестинација на 56-годишникот се најавува англискиот премиерлигаш Њукасл кој по преземањето на саудискиот шеик составува тим кој во иднина ќе се бори за трофеи во Англија и висок пласман во Лигата на Шампионите.
Негов наследник во Барселона се очекува да биде легендарниот фудбалер и поранешен капитен на тимот Карлос Пујол кој настапуваше заедно со новиот тренер Чави од 1997 до 2014 година.
🔴 @fansjavimiguel | Xavi veut Puyol en remplacement de Ramon Planes !
✅ Il est prêt à relever le défi. pic.twitter.com/xxbr0dCWj5
— 𝑷𝒂𝒖𝒍 𝑭𝑪𝑩 📰 (@FCBPaul_) November 10, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА