Лајпциг стави крај на серијата од две победи во низа на Филип Кузмановски и неговиот Хановер откако на домашен терен славеше со 32-25. Домаќините по првото полувреме имаа предност од 15-12, а во второто полувреме во ниеден момент не им дозволија на гостите да ја намалат негативата.
Македонскиот репрезентативец натпреварот го заврши со три гола во противничката мрежа од четири обиди, но истите не беа доволни за „зелените“ да ја продолжат победничката низа.
По девет одиграни средби во Бундеслигата Хановер се наоѓа на 15. место на табелата со скор од три победи и шест порази. Во следното коло „зелените“ гостуваат кај фаворизираниот Кил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА