Пролет ги почести кичевци со 51 гол, и Голден Арт и Јуниор до осминафинале во Купот на Македонија (ФОТО)

Ракометарите на Тинекс Пролет и Голден Арт сосема очекувано запишаа убедливи победа против Кичево односно Партизан Гевгелија во шеснаестфиналните натпревари од Купот на Македонија, со што си обезбедија место во осминафиналните групи од најмасовното домашно клупско натпреварување.

Пролет без апсолутно никакви проблеми славеше против Кичево победувајќи со 51-20 (24-5), во натпревар во кој им дозволија на противниците само пет погодоци во првиот дел, а постигнаа дури 51 погодок.

Најефикасни во редовите на Тинекс Пролет беа Доне Мајнов со 14 голови и Виктор Додевски со девет погодоци, додека во редовите на Кичево се истакна Дамјан Наумовски со пет постигнати погодоци.

Слично беше и на мечот меѓу Голден Арт и Партизан Гевгелија кој заврши со триумф на скопјани од 41-19. Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Есад Дрпљанин со десет погодоци, а шест постигна Марио Миланов.

Далеку понеизвесно беше на дуелот меѓу Јуниор КВ и Куманово на кој на крајот славеше Јуниор со 32-29.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/16-ФИНАЛЕ

12/11,  Охрид – Преспа 38-21

12/11, Металург – Јехона 44-22

13/11, Голден Арт – Партизан Гевгелија 41-19

13/11, Тинекс Пролет – Кичево 51-20

13/11, Јуниор КВ – Куманово 32-29

13/11, (14:00 ч.), Скопје – Текстилец

13/11, (14:30), Работнички – Драчево

13/11, (15:00), Македонија Ѓорче Петров – Струга

13/11, (16:00), Еурофарм Пелистер 2 – Металург РА

13/11, (16:00), Астраион – Прилеп

13/11, (17:00), Борец – Тиквеш

13/11, (17:30), Бутел Скопје – Вардар Неготино

13/11, (19:00), Шампион – Еурофарм Пелистер

14/11, (12:00), Аеродром – Младост Богданци

14/11, (13:00), Алкалоид – Радовиш

Се вчитува...