Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 без никаква проблеми триумфираа повеќе од убедливо со 38-18 против Металург РА во 1/16-финалето од Купот на Македонија, пласирајќи во осминафиналните групи од најмасовното домашно клупско натпреваруање.
Уште од самиот старт Еурофарм Пелистер доминираше на теренот на крај за повеќе од заслужена убедлива победа.
Струга убедливо славеше со 26-37 на гостувањето против Македонија Ѓорче Петров. Најефикасен во составот на Струга беше Бобан Блажески со 12 гола а седум постигна Ненад Костоски. Во екипата на Македонија ЃП по шест гола постигнаа Максимилијан Ѓиноски и Владимир Спировски.
И Прилеп немаше никаков проблеми против Астраион победувајќи со 25-37, додека Драчево успешно го мина Работнички славејќи со 25-30.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/16-ФИНАЛЕ
12/11, Охрид – Преспа 38-21
12/11, Металург – Јехона 44-22
13/11, Голден Арт – Партизан Гевгелија 41-19
13/11, Тинекс Пролет – Кичево 51-20
13/11, Јуниор КВ – Куманово 32-29
13/11, Скопје – Текстилец 35-19
13/11, Работнички – Драчево 25-30
13/11, Македонија Ѓорче Петров – Струга 26-37
13/11, Еурофарм Пелистер 2 – Металург РА 38-18
13/11, Астраион – Прилеп 25-37
13/11, (17:00), Борец – Тиквеш
13/11, (17:30), Бутел Скопје – Вардар Неготино
13/11, (19:00), Шампион – Еурофарм Пелистер
14/11, (12:00), Аеродром – Младост Богданци
14/11, (13:00), Алкалоид – Радовиш
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА