„Вардарки“ потклекнаа во второто полувреме пред холандски Унирек

Ракометарките на Вардар и покрај одлично одиграното прво полувреме не успеаја да дојдат до позитивен резултат на првиот меч од Европскиот куп против составот на Јуро Унирек од Холандија.

„Вардарки“ во салата „Јане Сандански“ во Скопје доживеаја убедлив пораз од 25-35 од Холанѓанките, само поради лошо одиграното второ полувреме односно последните 15 минути од натпреварот низ кое дозволија противничките да дојдат и до десет гола разлика.

Претходно, македонските ракометарки одиграа максимално израмнето прво полувреме кое противничките го добија само со еден гол предност 17-18. Но, во второто полувреме ракометарките на Унирек играа далеку поагресивно во одбраната што беше клучно за победата.

Се вчитува...