Еурофарм Пелистер го „здроби“ Шампион со 27 гола разлика, Бутел без проблеми со Вардар Неготино

Сосема очекувано ракометарите на Еурофарм Пелистер се пласираа во осминафиналните групи од Купот на Македонија, откако на дуелот од 1/16-финалето убедливо со 13-40 славеа против Шампион.

Ниту во еден момент од мечот не се постави прашањето околу победникот на дуелот, големиот фаворит и со млад состав сосема оправдувајќи ја улогата.

Бутел Скопје не дозволи изненадување против Вардар Неготино триумфирајќи со 35-25. Бојан Спасовски со девет гола беше најефикасен во победничкиот тим, а шест гола кај домашните постигна Марко Митев. Кај Вардар Неготино со пет гола се истакна Мирослав Митевски.

Пласман во следната рунда натпревари од најмасовното домашно клупско натпреварување обезбеди и Тиквеш кој славеше на гостувањето против Борец со 26-35.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/16-ФИНАЛЕ

12/11, Охрид – Преспа 38-21

12/11, Металург – Јехона 44-22

13/11, Голден Арт – Партизан Гевгелија 41-19

13/11, Тинекс Пролет – Кичево 51-20

13/11, Јуниор КВ – Куманово 32-29

13/11, Скопје – Текстилец 35-19

13/11, Работнички – Драчево 25-30

13/11, Македонија Ѓорче Петров – Струга 26-37

13/11, Еурофарм Пелистер 2 – Металург РА 38-18

13/11, Астраион – Прилеп 25-37

13/11, Борец – Тиквеш 26-35

13/11, Бутел Скопје – Вардар Неготино 35-25

13/11, Шампион – Еурофарм Пелистер 13-40

УТРЕ

14/11, (12:00 ч.), Аеродром – Младост Богданци

14/11, (13:00 ч.), Алкалоид – Радовиш

Се вчитува...