Алкалоид го елиминираше од Купот суперлигашот Радовиш со 13 гола на Стојков

Екипата на Алкалоид веќе започнува да пишува своја клупска историја со обезбедениот пласман во осминафиналната групна фаза од Купот на Македонија, откако во 1/16-финалниот натпревар славеше против суперлигашот Радовиш со 39-27 (17-15).

Ако првиот дел мина низ резултатска израмнетост, ракометарите на Алкалоид целосно доминираа уште од почетокот на вториот па брзо дојдоа до предност од 21-15 со која ја најавија победата.

Победничкиот состав беше предводен од Александар Стојков со 13 гола а Мартин Серафимов постигна седум погодоци. Кај Радовиш се истакнаа Ангелче Органџиев со седум гола.

Место во осминафиналните групи обезбеди и Аеродром кој славеше до 29-24 против Младост Богданци. Најефикасен во победничкиот тим беше Андреј Петрески со 12 постигнати гола, а кај Младост се издвои Никола Роглев со шест гола.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/16-ФИНАЛЕ

12/11, Охрид – Преспа 38-21

12/11, Металург – Јехона 44-22

13/11, Голден Арт – Партизан Гевгелија 41-19

13/11, Тинекс Пролет – Кичево 51-20

13/11, Јуниор КВ – Куманово 32-29

13/11, Скопје – Текстилец 35-19

13/11, Работнички – Драчево 25-30

13/11, Македонија Ѓорче Петров – Струга 26-37

13/11, Еурофарм Пелистер 2 – Металург РА 38-18

13/11, Астраион – Прилеп 25-37

13/11, Борец – Тиквеш 26-35

13/11, Бутел Скопје – Вардар Неготино 35-25

13/11, Шампион – Еурофарм Пелистер 13-40

14/11, Аеродром – Младост Богданци 29-24

14/11, Алкалоид – Радовиш 39-27

Се вчитува...