Хрватот Иван Љубичиќ кој е дел од тимот на Рожер Федерер сподели информација дека швајцарскиот тенисер и дефинитивно се враќа на терените следната година.
Федерер се мачеше со повредите оваа година, како дополнение и на возраста (40 години), па веќе беше отпишан од професионалниот спорт. Но, Љубичиќ ги израдува неговите фанови истакнувајќи дека се подготвува за враќање.
„Може само да кажам дека ќе го гледате Федерер на тениските терени следната година. Не знам точно кога и на кој турнир, но сигурно се враќа. Никаде не брзаме, рехабилитацијата оди полека но сигурно“ – рече Љубичиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА