По само една сезона во редовите на македонскиот шампион Вардар, францускиот пивот Џереми Тото во јуни заминува од Вардар.
Од следната сезона, Тото ќе ги брани боите на францускиот Нант, како замена за Драган Печмалбек, кој се пресели во Веспрем. Тото со францускиот тим потпиша тригодишен договор до јуни 2025.
„Среќен што потпишав за Нант, клуб кој одлично одговара на моите амбиции. Тоа е амбициозен клуб докажан на меѓународната сцена, а јас сум подготвен да помогнам да се реализираа целите на клубот. Нант ја има најдобрата публика во Франција. Тие се една од причините зошто избрав да потпишам за Нант“ – изјави Тото по промоцијата во новиот клуб.
Франнцускиот пивот во својата кариера, покрај за Вардар, претходно настапуваше за Кретеј и за полската Висла Плоцк со која стигна до завршницата на Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА