Митровиќ со провокативна шега кон Роналдо: По боксерки и со кока-кола славеше на теренот во Лисабон (ВИДЕО)

Репрезентативците на Србија сосема очекувано долго по синоќешната победа над Португалија од 1-2 во Лисабон знаеја како да го прослават пласманот на Светското првенство 2022 во Катар.

Во центарот на вниманието во еден момент и стрелецот на победничкиот гол Митровиќ кој со Кока-кола во раката истрча на теренот на стадионот во Лисабон како би отишол до навивачите на трибините кои ја бодреа Србија.

На Митровиќ воопшто не му пречеше што е во боксерки и без проблеми истрча на теренот. Многумина прокоментираа дека сето тоа е смислено како провокација до Кристијано Роналдо, шетајќи се со Кока-кола во раката, пијалокот кој Роналдо многупати досега кажал дека не го сака…

Се вчитува...