Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре ќе му гостуваат на грчки АЕК во 3. коло од годинашното издание на Лигата на Европа. По воведните две кола „битолчани“ имаат скор од еден пораз и едно реми, па мечот против грчкиот тим ќе биде шанса за прва победа.
Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ вели дека противникот е една организирана и дисциплинирана екипа и дека се во налет.
„АЕК покажа на почетокот од турнирот дена е организирана и дисциплинирана екипа и одлично истрчување по освоена топка. Победија на убедлив начин во првото коло на домашен терен, а во второто коло ја изненадија цела Европа со победата во Ним. Стабилна екипа, во налет се и заслужува респект. Сезоната е долга, оптимисти сме, желни сме за натпреварување и едвај чекаме да почне натпреварот и да видиме која е вредноста на АЕК. Во добар момент сме, во добра форма сме и со нетрпение го чекаме натпреварот и уверен сум дека ќе покажеме добар тимски дух, добро трчање, добра одбрана и верувам дека АЕК ќе „удри“ во цврст „ѕид“ на Еурофарм Пелистер. Подготвени сме да одиграме одличен натпревар и ќе видиме за што ќе биде тоа доволно“, изјави Бабиќ.
Натпреварот меѓу АЕК и Еурофарм Пелистер ќе се игра утре со почеток во 18.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА