Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија, Фернандо Сантош, вети дека неговите фудбалери ќе играат на Светското првенство во Катар иако мора заеднички да поминат низ баражите. „Морнарите“ доцна синоќа претрпеа шокантен пораз од Србија на домашен терен со 2-1 и завршија како втори во групата.
Сантош ја презеде одговорноста за синоќешниот пораз, но потенцираше дека лекцијата е научена, па речиси е сигурен дека Португалија ќе замине на СП во Катар.
„Имавме предност, содававме шанси, но, неуспеавме да дојдеме до целта. Играчите се обидоа, но, не успеаја да го променат текот на натпреварот. Игравме со страв и вознемиреност. Одговорноста е моја. Ќе бидеме во Катар, ветувам. Знаеме што да направиме за да го постигнеме тоа“, заклучи селекторот на Португалците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА