Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со победа го стартуваше завршниот Мастерс во Торино, а во првото коло го совлада дебитантот Каспер Руд со 7-6, 6-2.
Ѓоковиќ 13-ти пат по ред го доби мечот во првото коло на Завршниот Мастерс. Триумфот дојде за час и 33 минути. Натпреварот заврши со 23 „винери“ и 13 неизнудени грешки, а Новак запиша и 10 асови од сервис.
Новак се намачи во првиот сет, па истиот го доби со 7-6 во тај брејк. Сепак, ова му послужи како загревање за вториот, во кој Србинот го декласираше противникот со 6-2 и победа за пласман во следната фаза.
Such a close set. Novak gets the advantage 7-6💪🇷🇸 #NittoATPFinals pic.twitter.com/z5kRV4PJlV
— ATP Tour (@atptour) November 15, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА