Има ли крај: Менди обвинет за уште две нови силувања

Тема на денот во Велика Британија повторно е фудбалерот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди, кој сега е обвинет за уште две нови силувања. Оваа информација ја потврди и тамошниот суд, а јавноста се прашува дали има крај на обвинувањата бидејќи фудбалерот веќе е обвинет за четири силувања, за што е во притвор.

Менди есенва беше приведен под обвинение дека во периодот од октомври 2020 до август 2021 година физички нападнал четири жени, а дел од нив биле малолетни.

Челниците на Манчестер Сити веднаш го суспендираа фудбалерот, па повеќе не сакаат да се огласат по тој повод додека не заврши истрагата. Бенџамин се соочува со тешки обвиненија, па доколку се докаже дека е крив, тогаш го очекува голема затворска казна и крај на неговата фудбласка кариера.

Се вчитува...