Матеј Цветаноски би можел да потпише за Левски

Софиски Левски би можел да биде следниот тим на Матеј Цветаноски. Крилниот напаѓач бил понуден на тимот од Софија, пишува „Фудбал 24“, со што трансферот би можел да се реализира на зима, кога Цветаноски ќе биде слободен играч.

Цветаноски во оваа сезона има три гола на девет меча во македонскиот шампионат за Шкупи, и е еден од заслужните за првото место на тимот од Чаир.

Цветаноски во минатото беше дел од Вардар, Пелистер и Македонија ЃП. Во моментов во Левски настапува македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков.

Се вчитува...