Нојер потпишува со Баерн Минхен до 2025 година

Баерн Минхен планира да го продолжи договорот со својот прв голман Мануел Нојер на дополнителни две години, односно до 2025 година.

Со тоа Нојер ќе ја заврши кариерата во Баерн, тим во кој е веќе 10 години, а би требало да остане и во следните пет. Нојер досега за „Баварците“ има одиграно преку 300 натпревари.

Единствено во сезоната 2017/2018 Нојер бранеше само три натпревари поради повреда, но потоа се врати и натаму е неприкосновен меѓу диреците. Тогаш дури му се закануваше и крај на кариерата, но Нојер врати со добри настапи, со што Баерн во 2020 година ја освои и титулата во ЛШ.

Се вчитува...