Реал Мадрид ќе го спасува Ван де Бек од агонијата во Манчестер Јунајтед

Дони Ван де Бек пристигна во редовите на Манчестер Јунајтед како големо засилување од Ајакс за 44 милиони евра, но Холанѓанецот не ја доби вистинската шанса на „Олд Трафорд“ па се поизвесно е дека наскоро ќе ги промени клупските бои.

Играчот од средниот ред настапи на само 44 натпревари за „црвените ѓаволи“ во кои постигна само еден гол и два пати асистираше до своите соиграчи. Тоа не е ни блику од формата која ја бележеше во Ајакс па неговата цена на маркетот драстично падна на само 25 милиони евра.

Целата ситуација ќе се обиде да ја искористи Реал Мадрид кој е подготвен да го спаси Холанѓанецот од агонијата во Манчестер Јунајтед. Ван де Бек има 24-години и со себе носи големо искуство од настапите со Ајакс во Лигата на Шампионите, а тринаесеткратниот освојувач на „ушкото“ во него гледа стабилност во подмладувањето.

Се вчитува...