Зенит стигна до четвртата победа во низа во Евролигата откако славеше на домашен терен против берлинска Алба со 75-66. Предноста стекната во првото полувреме беше доволна за домаќинот да стигне до нова победа и покрај обидите на гостинот за враќање во мечот во последната четвртина.
Лојд беше лидер на Русите со 25 поени и 6 скока, а него го следеше Мики со 12 поени и 7 скока. Ериксон беше лидер на гостите со 20 поени, а Тиман додаде 11 поени и 6 скока.
Уникс пак го најде решението за лидерот на табелата Милано откако славеше со убедливи 97-71. Клучната предност домаќините ја направија на крајот на првото и почетокот на второто полувреме со што беше забележана петата победа во првенството. Кенан повторно ги предводеше „зелените“, овој пат со 22 поени и 5 скока, додека кај гостите со по 10 поени мечот го завршија Датоме, Мели и Шилдс.
Ефес ја запиша втората победа во низа откако славеше на домашен терен против Олимпијакос со 88-69. Натпреварот се одвиваше во изедначено темпо во поглемиот дел од мечот, а турскиот состав отпорот на Грците го скрши во последната четвртина со серија од 13-1 за која „црвено-белите“ немаа одговор.
Прво име кај актуелниот шампион на Европа беше Бобоа со 29 поени и 5 скока, додека Мициќ додаде 19 поени и 5 асистенции. Бугаринот Везенков беше прво име кај Олимпијакос со 17 поени и 8 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА