Барселона и ЦСКА Москва одиграа одличен натпревар во 10. коло од Евролигата кој заврши со среќен крај за домаќините кои славеа со 81-73. Каталонскиот тим одигра одлична втора четвртина во која ја доби скок играта и го наметна своето напаѓачко темпо за предност од 38-27 по 20. минути игра, а гостите од Москва со блескава игра во одбранта се вратија во игра на отварањето на второто полувреме.
Русите дозволија само десет поени во третата четвритна, а преку расположениот Војтман кој влезе во серија зад линијата 6,75 не само што го превземаа водството, туку и поведоа со 51-60 по 30. минута. Шпанскиот состав во последната четвртина успеа да се консолидира и повторно да ја наметне својата игра преку Миротиќ и Дејвис, а со „џокерот“ Јокубаитис и го приреди мечот во мирен крај.
Никола Миротиќ со 21 поен и 8 скока беше лидер на Барселона, а 14 поени и 3 скока додаде Дејвис. Гостите ги предводеше Шенгелија со 17 поени и 6 скока.
Претходно Макаби Тел Авив стигна до седмата победа во натпреварувањето откако славеше со 95-84 над францускиот претставник Монако. Енигма за гостинскиот состав беше Вилбекин кој мечот го заврши со 37 поени и 8 скока, додека најрасположен кај гостинскиот тим беше Хал со 18 поени и 9 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА