Тимур Дибиров испиша историја на мечот против Пик Сегед, откако успеа да го постигне својот 1000 гол во Лигата на шампионите. Ракометарот на Вардар го постигна третиот гол на мечот против унгарскиот шампион и со тоа успеа да се запише со златни букви во „елитното натпреварување.
До бројката од „1000“ гола во ракометната Лига на шампиони досега стигнале само легендата на македонскиот ракомет, Кирил Лазаров, Србинот Момир Илиќ и Французинот Никола Карабатиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА