Нант триумфираше на гостувањето против Шартр со 27-33, победа со која тимот на Кире Лазаров се искачи на второто место на табелата во францускиот шампионат.
Лазаров и соиграчите доминираа од самиот почеток, на одмор заминаа со водство од 14-17, за потоа уште повеќе да ја зголемат предноста до конечните „плус шест“. Македонскиот капитен немаше свој шутерски ден, постигнувајќи скромни два погодоци (1/1 од пенал, 1/4 од игра). Најефикасни во таборот на Нант беа Ривера со 12 и Пешмалбек со пет постигнати гола.
Нант со оваа победа има 15 бода и се наоѓа на делба на второто место со Аикс. Лидер на табелата останува ПСЖ со 18 освоени бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА