Пандев: Шева е одличен избор за амбициозен клуб… Мурињо ги промени моите погледи

Андриј Шевченко утре ќе го има своето деби на клупата на Џенова во која ја презеде тренерската функција. Тој ќе дебитира во мечот против Рома, а се очекува во стартниот тим да биде и македонскиот интернационалец Горан Пандев.

Горан Пандев говореше за доаѓањето на популарниот Шева во Џенова, но и за Жозе Мурињо кој сега е на клупата на Рома.

„Шева во Џенова? Тоа е важен потпис за амбициозен клуб. Андриј е шампион тоа го покажа и со Украина каде имаше одличен настап на Европското првенство. За Мурињо имам само пофални зборови. Тоа е човек кој ги промени моите погледи. Ме побара телефонски кога имав проблеми со Лацио и ме праша дали сакам да дојдам во Интер. Тоа беше исполнување на сонот за мене“, изјави Пандев. 

Натпреварот меѓу Џенова и Рома ќе се игра утре во 20.45 часот.

Се вчитува...