Коронавирусот повторно почна да прави проблем во спортот. Холанѓаните први решија натпреварите од домашниот фудбалски шампионат да ги играат без публика, а рестрикции веќе има и во другите европски држави.
Проблеми со короната повторно почнаа и во ракометната Бундеслига. Откако ракометарот на Фленсбург Симон Халд и покрај тоа што е комплетно имунизиран, по два рапид и еден ПЦР тест заврши во карантин. Нема силни симптоми и се очекува без проблеми да го преброди периодот, но Бундес лигата веднаш реагираше и го одложи овој натпревар.
Поради ова одложен е мечот на Фленсбург против Хановер на македонскиот интернационалец, Филип Кузмановски, а се уште не е познато кога ќе биде одигран овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА