Словачката алпска скијачка, Петра Влхова триумфираше на првиот слалом сезонава во светскиот куп кој се возеше во финскиот ски-центар Леви. Влхова до победата стигна со вкупно време од 1:46.19 стотинки, што беше за 31 стоти дел од секундата подобро од најголемата ривалка, Американката, Микаела Шифрин.
Подиумот го надополни Германката Лена Дир кој доцнеше 84 стотинки зад времето на победничката.
Утре на програмата во финскиот ски-центар е закажан вториот женски слалом.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА