Ракометарките на Вардар одиграа одличен натпревар на реваншот од 3. коло во ЕХФ купот, откако ремизираа на гостувањето во Холандија кај Јуро Унирек 26-26. Избраничките на Драгана Ристова можат само да жалат за падот во последните петнаесет минути на мечот во Скопје и поразот кој ги чинеше пласман меѓу шеснаесетте најдобри во ова натпреварување.
„Црвено-црните“ дами одиграа егал во текот на целиот меч против фавориризираниот тим од Холандија и во ниту еден момент не покажаа дека не се достојни да бидат дел од оваа фаза во ЕХФ купот.
Бојана Диневска со шест гола беше најефикасна кај ЖРК Вардар, додека кај победникот Стеверинк заврши со ист број на голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА