Сара Ристовска и нејзината ЦСКА Москва загубија на гостувањето во Љубљана кај Крим со 24-21 во натпревар од 8. коло во женската ракометна Лига на шампиони. Првото полувреме помина во егал игра, а домаќинките на пауза заминаа со минимална предност од 11-10.
Клучната разлика ракометарките на тимот од Љубљана ја направија во средината на второто полувреме кога успеаја да се одвојат и на крајот да стигнат до конечен триумф од 24-21. Нашата репрезентативка натпреварот го заврши со четири постигнати гола од вкупно пет упатени удари кон противничкиот гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА