Македонскиот ракометен репрезентативец Никола Митревски и неговиот Порто остануваат максимални во домашниот шампионат, откако во десетото коло повторно без проблеми славеа на гостувањето кај Боа Хора со 23-38.
Португалскиот шампион уште од самиот старт почна фуриозно и веќе на полувреме имаше голема предност од 9-20. До крајот само го исконтролираа мечот за нов убедлив триумф од 23-38.
Порто останува со максимален учинок по десет одиграни кола и до крајот клучни ќе бидат мечевите со Спортинг Лисабон кој исто така е со сите победи, но досега има одиграно еден натпревар помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА