Итен состанок во Јунајтед – Оле „аут“, Зизу „ин“

Раководството на Манчестер јунајтед вечерва ќе има итен состанок во кој најверојатно ќе се донесе одлука за отказ на Оле Гунар Солскјер. Катастрофалниот пораз од Вотфорд од 4-1 веројатно ја прели чашата кај челните лица во клубот кои колку и да сакаат веќе не можат да му даваат шанса на Норвежанецот.

Дел од англиските медиуми пренесуваат дека голема е шансата наследник на Солксјер да биде Зинедин Зидан кој го посакуваат на „Олд трафорд“. Се очекува да почекаме да видиме што ќе се случи на денешниот состанок по кој многу работи ќе бидат познати.

 

 

Се вчитува...