Работнички во 14.коло од Првата фудбалска лига денеска (13 часот) гостува кај Струга Трим Лум. Новиот тренер Борче Христов очекува добро издание на тимот и поволен епилог на крајот од мечот.
Тој денеска ќе го има официјалното деби на клупата.
„Не очекува тежок и неизвесен натпревар. Работевме интензивно од моето назначување, се уште се запознаваме со фудбалерите и начинот на работа, но веќе ги имаме најзначајните контури како би требала да изгледа играта на Работнички во наредниот период. Многу борба, многу трчање и нагласена желба за позитивен резултат. Се надевам дека веќе денеска ќе одиграме на ваков начин и дека ќе успееме да оствариме позитивен резултат. Струга Трим е квалитетен тим, посебно добро игра на домашен терен и ќе мора да одиграме речиси совршено за да успееме да ја оствариме нашата цел“, вели шефот на стручниот штаб, Борче Христов.
Натпреварот меѓу Струга ТЛ и Работнички е закажан за 13 часот на стадионот во Струга.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

