„Леброн не е валкан играч, нема да дозволиме било кој да му се заканува … не знам што сакаше Стјуарт“

Натпреварот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Детроит Пистонс го одбележа инцидентот меѓу Леброн Џејмс и Исаја Стјуарт. Конфликтот се случи на почетокот на третиот дел. Џејмс го удрил Стјуарт по лицето, а по ударот раскрвави лицето на Исаја.

Бурно реагираше кошаркарот на Детроит, кој веднаш сакаше да се пресмета со ѕвездата на Лејкерси. Двајцата играчи мораа да ги разделат соиграчите и официјалните лица. На крајот и двајцата беа исклучени.

„Сите во лигата знаат дека Леброн не е валкан играч. Кога сфати дека го удрил, се сврте да се извини. Не знам што се обидуваше да направи Стјуарт. Но, знам дека сите во нашиот тим беа подготвени да го заштитат Леброн. Никогаш во кариерата не сум видел играч да се обиде да направи такво нешто… Имаше расекотина над окото, но никој не го направи тоа намерно. Нема да дозволиме да се однесува на тој начин со нашиот брат“, потенцираше Ентони Дејвис.

Да потсетиме, Лејкерси го добија дуелот со Пистонс со 121-116.

 

 

 

Се вчитува...