Дортмунд во Лисабон без Азар поради ковид-19

Борусија Дортмунд во најважната пресметка во Лигата на шампионите оваа есен против Спортинг, ќе игра без Торган Азар кој што е тестиран позитивен на ковид-19. Инаку од белгискиот национален тим по враќањето е тестиран позитивно и Коел Кастелс, голманот на Волфсбург.

Азар играше на дуелот со Штутгарт ова коло, а сега ќе мора во изолација.

Борусија Дортмунд повтрди дека сите нивни играчи се вакцинирани против коронавирус.

„Сите наши играчи, вклучувајќи ги и од составот до 23 години, се успешно вакцинирани и засега освен Азар, нема позитивен тест на коронавирус“, се наведува во соопштението од „милионерите“.

Дуелот со Спортинг е од круциално значење за Борусија Дортмунд по двата порази од Ајакс, но таму патуваат со големи проблеми. Покрај Азар, поради црвен картон ќе го нема Матс Хумелс, а повреден е Ерлинг Халанд. Исто така Марко Розе ќе го нема на располагање ниту Џовани Рејна.

Се вчитува...