По одличниот почеток на сезоната во кој македонскиот шампион не знаеше за пораз во воведните три кола од Лигата на Шампионите, Вардар бележи пад во играта која ја отликаа четири порази едно по друго во најсилното ракометно натпреварување.
„Црвено-црните“ поразите од Монпелје, Алборг, Кил и Сегед ќе се обидат да ги надминат на домашен терен против унгарскиот Сегед, тим за кој ќе има и дополнителен мотив со оглед на тоа што е последен кој му нанесе пораз на двократниот европски шампион.
„Сите сме во шок од трагедијата која што се случи. Во име на целата „црвенo-црна“ фамилија упатувам сочувство. Никогаш не сакам да бидам реален тренер, бидејќи ако сум реален не можеме да направиме добар резултат. Пик Сегед направи проект пред девет години. Ги донесе сите играчи и само два пати беа шампиони на Унгарија и ниту еднаш не беа на Ф4. Михајловски се врати да го спаси клубот, а не како фудбалскиот тим да биде Втора лига и да испадне. Мораме да сфатиме дека ова е нов Вардар и тука сме да создаваме тим. Ние загубивме од големи клубови. Замислете да се во наша група Динамо Букурешт и да изгубиме од нив па ќе ме распнете, на пример во Веспрем е се океј“, изјави предводникот на Вардар.
Излезот од црната серија нема да биде лесен против Сегед поготово доколку се земат во обѕир повредите кои го мачат составот на Веселин Вујовиќ, но предводникот на Вардар најави дека тимот ќе даде се од себе за да стигне до позитивен резултат.
„Дибиров има вироза и е на инфузија. Не знам дали ќе биде подготвен. Тото исто не знам во каква состојба ќе биде. Столе и Кудуз исто имаат проблеми. Без на разлика на се и тоа дека имам само три дена време за подготовка за ЛШ со еден тим па потоа со друг тим за домашно првенство. Сметам дека мораме да го добиеме овој меч. За моите критериуми, за тие на јавноста, на навивачите би било лошо да загубиме пет меча по ред. Ќе базираме се на добра одбрана, бидејќи не ни одговараат мечеви со многу голови. Ќе направиме се за да победиме“, додава Вујовиќ кој потоа продолжи;
„Јас кога доаѓав во Скопје знаев дека ќе има притисок. Добриот старт кога го имавме кажав дека смирете се луѓе ке има добри времиња. Немам притисок од никого бидејќи знаеме со што располагаме. Сите сакаме, но во желбата некогаш се греши. Потребно е време за се. Многу повеќе ќе знам сега кога оди пауза. Видете го Пастор после девет години се уште губи“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА