Поради големата трагедија која утрово се случи во Бугарија, a во која загинаа 46 лица, меѓу кои поголемиот број македонски државјани, кои со автобус се превезувале од Истанбул до Скопје, ФФМ одлучи утре да ги одложи натпреварите од Купот на Македонија. На програмата требаше да бидат 1/4 финалените дуели.
Истите ќе бидат одиграни на 1. декември. Се чека оваа одлука во текот на денот да ја потврди и Фудбалската федерација на Македонија.
Двојките за 1/4 финалето се Македонија ЃП – Шкупи, Пелистер – Вардар, Шкендија – Струга ТЛ и Силекс – Брегалница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА