Елјиф Елмас и Наполи загубија на гостувањето кај Спартак Москва со 2-1 во 5. коло од Лигата на Европа. Македонскиот репрезентативец беше единствениот расположен фудбалер на гостите на овој меч.
Домаќините поведоа со двата гола на Соболев од пенал во 3. минута и во 28. минута. Со предност од 2-0 Русите заминаа на пауза. Во вториот дел Елјиф Елмас во 64. минута намали на 2-1, но тоа беше се што можеше сам да направи.
Со овој пораз Наполи си го стави во знак прашање пласманот во нокаут фазата во Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

