Заврши групната фаза во квалификациите за пласман на СП 2022 година во Катар. А, селекторот на Швајцарија, Мурат Јакин, имаше оригинален гест како да им се заблагодари на фудбалерите на Северна Ирска за „ремито“ со Италија.
Во таа група во последното коло се одлучуваше за првото место. Италија и Швајцарија имаа ист број на бодови, но Италија имаше подобра гол разлика, па Швајцарците мораа да слават со голема разлика за да бидат на првото место.
Швајцарците го одработија својот дел од работата, а потоа им олесна и Северна Ирска која „откина“ бод на Италија. Мечот во Белфаст заврши 0:0, па така на крај Швајцарија заврши со два бодови предност пред Италија.
Селекторот Мурат Јакин се реши да им испрати на фудбалерите и целиот стручен штаб на Северна Ирска 9,3 килограми чоколади, односно по 100 грама за секоја минута која ја издржале да не примат гол против Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА