Фудбалерките против Северна Ирска во првиот од двата ноемвриски меча

Женската А репрезентација на Македонија денеска на домашен терен ќе го одиграат првиот од двата ноемвриски меча против Северна Ирска во квалификациите за Светското првенство 2023 година.

Селекторот на Македонија, Кирил Изов се соочува со одредени проблеми околу играчкиот кадар и нема да може да смета на нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова, која на претходниот квалификациски дуел против Луксембург, на стадионот „Билјанини извори” заработи повреда.

„Во овој ноемвриски циклус од квалификациите за пласман на Светско првенство не очекува двомеч со репрезентацијата на Република Ирска,прво во Скопје,а потоа и на гостински терен. Истиот го очекуваме во некомплетен состав со оглед на тоа што нема да можеме да сметаме на интернационалките Андонова,Рочи и Јаковска поради повреди,а од истата причина во составот нема да бидат и стандардните Николовска, Чубриноска, Положани и Димоска. Токму поради овие проблеми со повреди на неколкумина важни фудбалерки, се одлучив да повикам неколку играчи од селекцијата до 19 години е некоја од нив сигурно ќе дебитира на овие два меча против силен противник кој е учесник и на претстојното Европско првенство.И покрај сето ова,нема да се предадеме однапред,ќе се обидеме да се преставиме во што подобро светло и ќе се обидеме и да изненадиме,посебно на првиот натпревар во Скопје“, вели Изов. 

Натпреварот кој ќе се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје е закажан за во 13 часот.

Се вчитува...