Светскиот шампион, селекцијата на Шпанија ќе ни гостува утре вечер во во Скопје на стартот од квалификацискиот циклус за место на Светско првенство 2023.
Првиот противник на Македонија доаѓа со изменет состави и многу млади кошаркари. Капитенот Кино Колом непосредно пред заминувањето за Скопје, кажа дека секој противник е опасен, па затоа мора да има почит од нивна страна.
„Сите ривали се многу опасни. Треба да бидеме внимателни и да ги почитуваме сите. Ова е можност уште еднаш да им покажеме на сите дека има многу добри шпански играчи. Дека националниот производ е квалитетен и дека тие можат многу да и помогнат на репрезентацијата, повеќе отколку што се очекува од нив“ – изјави Колом.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА