За секоја фудбалерка по еден гол – Македонија поразена со 0-11 од С. Ирска

Женската фудбалска репрезентација на Македонија доживеа катастрофален пораз од Северна Ирска (0-11) на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје во 5. коло од квалификациите за Светското првенство во 2023 година.

Иако без услугите на нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова ваков пораз е недопустлив посебно ако се знае дека Северна Ирска не е репрезентација од самиот врв. Веќе во 16. минута беше 0-4 за гостинките, а на полувреме имаа позитива од 0-7.

Во вториот дел тие ја намалија брзината и до крајот постигнаа „само“ уште четири гола за конечни 0-11.

Се вчитува...