Тиквеш славеше повеќе од значајна победа против Охрид од 25-23 во трката за место во плеј-офот сезонава во Суперлигата на Македонија.
Но, натпреварот го одбележа и несаканиот инцидент веднаш по завршувањето на дуелот. По меѓусебен вербален судир на дел од ракометарите од двете екипи, домашни навивачи се спуштија и на терен во желбата да се пресметаат со гостинските ракометари.
Тренерот на Охрид, Раде Стојановиќ по натпреварот информира дека ракометари на неговиот тим биле тепани од страна на редари и публика во Кавадарци, а работел и „тунелот“ во спортската сала „Јасмин“.
„Честито победа на терен на РК Тиквеш, а за надвор од терен (тунел кон соблекувални и на терен по завршување на натпреварот, како и без спортско однесување и без поздрав пред и по крај на мечот) – СРАМОТА. Тепање играчи од редари и публика, а 21. век сме“ – напиша Стојановиќ на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА