Аргентинскиот фудбалер Макси Родригез се повлече од професионалниот фудбал на 41-годишна возраст. Последен и прв клуб во кој настапуваше е Њуелс Олд Бојс, а ги носеше и дресовите на Пењарол, Ливерпул, Атлетико Мадрид во кој беше и капитен и Еспањол.
Тој постигна 17 гола за „црвените“ во текот на две и пол сезони на „Енфилд“, а крилниот напаѓач одигра 57 натпревари за Аргентина и постигна 16 гола.
„Дојде моментот за кој мислев дека никогаш нема да дојде – ние фудбалерите никогаш не сакаме тоа да се случи. Тоа беше многу тешка одлука, но од друга страна ја донесов сосема мирно. Зад мене има долга кариера во која дадов се од себе … Би сакал да ме паметите како добар човек и добар соиграч, тоа е најдобрата трага што може да се остави“, заклучи Макси.
#Newells 🔴⚫️ @Newells pic.twitter.com/17TyFEYbJ8
— Maxi Rodríguez (@MR11ok) November 26, 2021
Tengo algo para contarles
I got something to tell youhttps://t.co/ymJ5gcqo2a
— Maxi Rodríguez (@MR11ok) November 26, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

