Тага ја облеа Црна Гора, откако одекна веста дека Мирза Ѓурѓевиќ, младиот фудбалер на црногорскиот клуб Језеро починал по сообраќајна несреќа. 21-годишниот Ѓурѓевиќ им подлегнал на повредите во судир во кој учествувале четири возилан.
Лекарите се бореле за него повеќе од 24 часа, фудбалерот имал повреди на главата, во петокот бил во несвест и не преживеал.
Мирза важеше за еден од најталентираните фудбалери во Црна Гора, настапуваше во помладите категории на Будуќност, а настапуваше и за Отрант-Олимпик од Улцињ.
Во црногорската Телеком 1 лига одигра 63 натпревари, а последниот против Подгорица на „ДГ Арена“ минатата сабота.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА