Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Анхел ди Марија проговори за иднината на својот соиграч Килијан Мбапе. Тој навести дека Французинот може да ја промени средината.
Аргентинецот зборуваше за „RMC Sport“, а една од темите беше иднината на Мбапе.
„Такво нешто е прашање на лична одлука, тоа е реалност. Нема потреба да му солите памет, Килијан знае во која насока сака да оди во својот живот. Секако дека сите сакаме да го обнови договорот со ПСЖ, вистински подарок е да се игра со него. Односот што го имам со Килијан е навистина добар и би било одлично доколку продолжам да играм со таков играч и во иднина“, изјави Ди Марија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

