Андреа Пирло доби отказ од Јувентус на крајот од минатата сезона. Легендарниот играч за врска ја презеде клупата на „Старата дама“ во летото 2020 година, но тимот под негово водство не блескаше.
Сепак, и по неговото заминување Јуве се уште не блеска. Ниту славниот Макс Алегри не може да ја реши кризата во италијанскиот гигант кој и оваа сезона игра многу слабо и променливо.
Неколку месеци по заминувањето на Пирло, беше откриено дека 42-годишниот стручњак имал прилично груби методи на работа во Торино. Некои играчи се жалеа на силни тренинзи, но Пирло не бил заинтересиран да ги поштеди. Интересна особено е неговата реакција кога слушнал дека се жалат.
„Не ми е гајле. Да видеа што се работело под водство на Конте, ќе се убиле“, кратко изјави Пирло за поплаките на играчите на Јувентус.
Пирло ја предводеше „Старата дама“ на вкупно 52 натпревари и оствари солиден резултат од 34 победи, 10 нерешени и осум порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА