Чудна изјава даде тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри по вчерашниот пораз од Аталанта на домашен терен. Јуве беше поразен со 0:1, и со тоа дополнително се оддалечи не само од Скудетото, туку и од местата кои носат во ЛШ следната сезона.
Алегри рече дека неговиот тим никогаш не ни бил фаворит за титулата во Италија, и дека целта била пласман меѓу првите четири тима, иако навивачите мислат нешто сосема поинаку.
„Мислам дека имаме многу добра екипа, но има моменти кога се мачиме да постигнеме голови. Луѓето на почетокот на сезоната велеа дека ова е најдобрата екипа и едноставно мора да го освои Скудетото, но јас велев дека тоа не е точно. Тука сме да бидеме меѓу првите четири екипи“, изјави Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА