Првото полувреме од дерби-натпреварот меѓу Шкупи и Струга ТЛ во 15. коло од Првата македонска фудбалска лига го одбележа и инцидентот во финишот на првиот дел.
Искри меѓу фудбалерите и членовите на стручните штабови на двата тима се случи по стартот на Руватубјае врз Кадриу. Сето тоа донесе вербални судири и физички контакти, па требаше време да се расчисти инцидентот.
На крајот главниот судија им додели жолти картони на Наумовски и Кадриу, а директни црвени картони и исклучување од натпреварот добија помошниците на шефовите на двата стручни штаба, Седлоски и Захариевски. Првото полувреме поради сето тоа беше продолжено за цели десет минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

