Асистенција на Барди, но Леванте со нов пораз во Ла Лига (ВИДЕО)

Леванте запоседна на последната позиција на табелата во Ла Лига откако во 15. коло загуби на гостувањето против Бетис со 3-1.

А, Леванте имаше предност по првото полувреме откако поведе со голот на Мустафи во 7. минута, а по одлично изведениот корнер на македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Во вториот дел Бетис со три гола на Хуанми успеа да дојде до пресврт победа. Леванте со само 7 бода е на последното место во Ла Лига.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...