Милан влегува во серијата на порази. Откако „росонерите“ загубија од Фиорентина, во 14. коло од Серија А претрпеa и пораз од 1-3 од Сасуоло. Домаќините добро го започнаа натпреварот и веќе до 21. минута стигнаа до предност преку Ромањоли, но само три минути подоцна Скамака го изедначи резултатот.
До крајот на првото полувреме гостите стигнаа и до целосен пресврт со автоголот на Кјаер, а до 1-3 во 66. минута кога Берарди ја протна топката зад грбот на Маигнан. На Милан не му помогна ниту црвениот картон на Ромањоли во 77. минута па мораше да се помири во вториот пораз во првенството.
Поразот на Милан отвара шанса за Наполи на нашиот Елиф Елмас да стигне до предност од три бода на табелата пред италијанскиот гигант на вечерашниот натпревар против Лацио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА